внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Заклучоци на СО на МТ

20.01.2003Одборот на Синдикалната организација на АД "Македонски телекомуникации" одржа седница на 25. 12. 2002 година, на која се расправаше за одредени актуелни состојби во Компанијата поврзани со вработените, кои што доведоа до усложнување на состојбите во АД "Македонски телекомуникации". Врз основа на дискусиите од поверениците на основните синдикални организации и искажаното мислење од вработените, Одборот на Синдикатот едногласно ги донесе следните заклучоци: 1. Да се стави во мирување учеството на Синдикатот во процесот на реструктуирање на несуштинските дејности, кои што не се поврзани со основната дејност на Компанијата (Угостителство и Хигиена). 2. Синдикатот е категорично против притисокот што се врши врз вработените кои се повикуваат на разговор со цел спогодбено да го раскинат работниот однос со работодавецот, при што за ова им се нуди одредена финансиска бенефиција. 3. Синдикатот ќе бара на првата наредна седница на Одборот на директори на АД "МТ", да се расправа за досегашното спроведување на процесот на реструктуирање на несуштинските дејности согласно заклучокот на Одборот на директори од 4. 12. 2002 година и да се почитува партнерскиот однос помеѓу Синдикатот и работодавецот во сите наредни активности во Компанијата, кои директно или индиректно ќе влијаат на статусот на вработените. 4. Доколку на првата наредна седница на Одборот на директори на АД "МТ" не се постави на дневен ред барањето на Синдикатот и не се постигне договор за прашањата поврзани со актуелната состојба во Компанијата, Синдикатот на "МТ" ќе отпочне постапка за организирање генерален штрајк на вработените во Компанијата. 5. Овие заклучоци да бидат доставени до Одборот на директори и Главниот извршен директор на Компанијата, ресорното Министерство и Владата на РМ.

Корисни линкови