внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Одлука за членување на раководните структури во синдикалната организација на МТ

20.01.2003Синдикалниот одбор на СО на МТ, на својата XX седница одржана на 01.11.2002 година, донесе Одлука за ставање во мирување на статусот член на Синдикатот на вработените во АД "МТ" кои се распоредени на работни места заклучно со 5 - то ниво на раководење, согласно Правилникот за организација на МТ. Одлуката е донесена заради неспоивост на членување во Синдикатот и извршување на работни задачи на раководни работни места. Доколку вработените за кои се однесува оваа Одлука бидат распоредени на други работни места кои не спаѓаат во раководните нивоа, повторно ќе им биде активиран статусот член на Синдикатот, доколку изразат желба за тоа и истата писмено ја достават до Синдикатот.

Корисни линкови