внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Ставот на синдикатот по прашање на неспроведување на одредбите од колективниот договор

20.01.2003Колективниот договор на АД "Македонски телекомуникации"- Скопје беше склучен на 08.03.2002 година во Скопје од страна на учесниците во колективното договарање, односно Одборот на директори на "МТ" и Синдикалната организација на "МТ". Колективниот договор за нас имаше двонаменско значење и тоа: 1. Обезбедување на правата, обврските и одговорностите како на вработените, така и на работодавецот во поглед на квалитетот, квантитетот и регулативата на ниво што го имаат современите телеком- компании, посебно во компаниите во состав на DT group. 2. Обезбедување на потребната мотивација на вработените како клучен фактор за стабилен и динамичен развој на Компанијата во наредниот период. Со овој документ се сметаше дека сите се добитници - вработените, Синдикатот и Компанијата. За жал, после 8 месеци од неговата примена, праксата не го потврди тоа. Имено, вработените се соочуваат со неможност во целосното остварување на своите права, Синдикатот да размислува на кој начин да обезбеди спроведување на одредбите од Колективниот договор, а Компанијата презеде обврски, што самата не ги почитува, со што ја уништи мотивацијата меѓу вработените. Во овој момент по прашањето на спроведување (почитување) на одредбите од Колективниот договор ја имаме следната ситуација: 1. Несоодветното и неправилно извршеното распоредување на вработените по потпишувањето на Колективниот договор доведе до несоодветно вреднување на работните места при што не се почитувани во целост одредбите од член 23 и член 70 од Колективниот договор. Ова резултираше со 830 приговори од страна на вработените, бројка што самата по себе бара сериозен пристап кон ова прашање од една страна, со што се наметнува потребата од изготвување на нови мерила и критериуми за утврдување на основната плата на вработените , од друга страна. 2. Неспроведување на постапката по приговорите од вработените по основ на новите решенија за распоредување и плата кои беа усвоени од страна на Комисијата за работни односи на Компанијата. Ова прашањс е отворено од месец мај 2002 година. 3. Неспроведување на одредбите од член 54 од Колективниот договор - обврска за осигурување на вработените во случаи на траен инвалидитет или смрт како последица од повреда при работа. Како резултат на ова, двата случаи на смрт во Струмица сеуште се отворени, а фамилиите на настраданите колеги не можат да си ја обезбедат основната егзистенција. Ова прашање е отворено од месец јули 2002 година. 4. Неостварување на правото од член 81 од Колективниот договор - во делот на прекувремената работа, при што имаме ситуација на голем број прекувремени работни часови кои се одработени, а не се исплатени, а во делот на точка 4 од истиот член - работата во три смени по два дена во континуитет воопшто и не се исплатува утврденото право. Ова прашање е отворено од месец март 2002 година. 5. Неспроведувањс на одредбите од член 92 став 3 точка 5 - трикратен износ при заминување во пензија. Во пракса се врши исплата на двократен износ на просечната плата во РМ, иако од мај 2002 година нашата Компанија е изземена од Законот за исплата на плати, што значи исплата по овој основ согласно Колективниот договор на Компанијата, и точка 10 од истиот член - исплата на јубилејни награди на вработени за непрекинат стаж од 15 и 30 години во Компанијата. Сеуште е отворено без конкретен став кога ќе се реализира. 6. Неспроведување на одредбите од член 176 став 3 од Колективниот договор - Правилниците и прилозите кои се составен дел на овој Договор, а со донесувањето на Колективниот договор не се донесени, ќе се изготват во рок од 6 месеци - со тоа што овој рок беше 8 септември 2002. 7. Неспроведување на одредбите од член 168 од Колективниот договор - при што оваа Комисија е од исклучителна важност согласно нејзините надлежности утврдени во член 168 од Колективниот договор со тоа што е надлежна за толкување и примена на одредбите од Колективниот договор. 8. Неспроведување на одредбите од член 61 од Колективниот договор. За Синдикатот како учесник во колективното договарање е необјасниво како е можно Колективниот договор кој во основа е акт и на работодавецот, склучен од страна на Одборот на директори како највисок орган на управување во Компанијата, што би значело гаранција за превземените обврски на работодавецот спрема вработените, во пракса да не се спроведува во целост, односно да не се почитува. Меѓутоа, мора да се истакне дека непочитувањето на Колективниот договор од правен аспект добива сосема друга димензија ако се има во прсдвид неговата правна основа. Имено: 1. Колективниот договор во Република Македонија претставува уставна категорија и неговото непочитување индиректно би значело и непочитување на уставните права на вработените, содржани во него. 2. Колективниот договор согласно член 30 став 1 од Законот за работни односи на Република Македонија се применува непосредно и е задолжителен за старните кои го склучиле Договорот. Ова не остава простор на добра волја дали ќе се почитува или не, туку експлицитно е кажано каква е неговата приомена - непосредна и задолжителна. 3. Колективниот договор е статутарна категорија, односно со Статутот на Компанијата е потврден како единствен акт со кој се регулираат правата, обврските и одговорностите на вработените во Компанијата. Морам да напоменам дека во изминатиот период за сето претходно е укажувано од наша страна, разговарано со поранешниот СЕО и одговорните од HR, но без аргументиран одговор на што се должи оваа состојба. Од изнесеното досега се наметнува заклучокот дека Компанијата или некој во Компанијата со неспроведување на одредбите од Колективниот договор индиректно не го почитува или не сака да го почитува Уставот и законите во Република Македонија, Статутот на Компанијата како нејзин највисок акт и Одборот на директори како највисок орган на управување во Компанијата.

Корисни линкови