внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Анекс 1

27.10.2003
ПРЕВЗЕМАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ (составен дел на договорот за услуги)
Услови на превземање Член 1 Давателот на услугите неотповикливо се обврзува да ги преземе сите вработени кои се распоредени на извршување работи и работни задачи за вршење на услугите предмет на овој Договор, со истите да заснова работен однос на неопределено време, без огласување на работните места, и со истите да склучи Договор за работа согласно Закон за работни односи и Спогодбата за превземање. Член 2 Давателот на услугите ги презема работниците кои на денот на склучувањето на овој Договор се вработени кај Корисникот на услугите и се распоредени на извршување на работи и работни задачи во Секторот за хигиена во АД МТ. Давателот на услугите се обврзува со работниците кои ги превзема да заснова работен однос на неопределено време и да ги распореди на работи и работни задачи кои работниците ги извршувале кај Корисникот на услугите на денот на потпишувањето на овој Договор. Член 3 Давателот на услугите се обврзува дека преземените работници за времето на важењето на овој Договор не може да ги прогласува за технолошки вишок и да им престане работниот однос поради економски, технолошки, структурални или слични промени, без согласност на работникот или работниците. Во случај на промена на одредбите од Договорот за услуги, негово раскинување од страна на АД МТ, или негово непродолжување по истекот на времето за кое е склучен, во тој случај АД МТ се обврзува претходно да ја извести Синдикалната организација на МТ за своите намери и со неа да постигне согласност околу претходно наведените дејствија доколку истите предизвикаат промена на статусот на превземените работници од страна на новиот давател на услугите од дејноста хигиена. Член 4 Давателот и Корисникот на услугите постигнаа согласност преземањето на работниците да се изврши со Спогодба за преземање и со посредување на Заводот за вработување. Член 5 Давателот и Корисникот на услугите постигнаа согласност работниот однос на работниците кои се распоредени на извршување на работи и работни задачи предмет на овој Договор, кај Корисникот на услугите да им престане на ден _______________ година, а кај Давателот на услугите да засноваат работен однос на неопределено време, со спогодба, без огласување на работното место на _______________ година. Член 6 Давателот на услугите се обврзува да ги исполни, а Корисникот на услугите се обврзува да го овозможи остварувањето на утврдените права од работен однос дефинирани во Програмата за спроведување на економски, технолошки, структурални и слични промени во АД МТ која е составен дел на овој Договор. Давателот на услугите и Корисникот на услугите се обврзуваат дека, за време на важењето на овој Договор, основната плата на превземените работници нема да биде намалена за повеќе од 10% од онаа што тие ја имаат кај Корисникот на услугите на денот на превземањето. Член 7 Давателот на услугите се обврзува на Корисникот на услугите и на Синдикалната Организација на МТ полугодишно и годишно им доставува писмено известување со потребната документација како потврда за остварувањето на утврдените права на превземените работници. Член 8 Давателот на услугите се обврзува да, доколку за времетраењето на Договорот за услуги кај него се јави потреба од дополнително ангажирање на работници дека, истите ќе бидат ангажирани врз основа на предлог на Корисникот на услугите, а Корисникот на услугите се обврзува да предлогот за дополнително ангажирање на работници кај Давателот на услугите го направи од работници кои во изминатиот период биле ангажирани на определено време од страна на Корисникот на услугите. Корисникот на услугите предлогот за дополнително ангажирање на работници ќе го изготви врз основа на критериуми претходно усогласени со Синдикалната организација на МТ. Член 9 Давателот на услугите е согласен да, доколку за времетраењето на Договорот за услуги, врз некој од превземените работници има потреба од изрекување на мерка- престанок на работен однос со отказ од страна на работодавецот согласно одредбите на законот за работни односи, дека истата пред да биде превземена ќе изврши хармонизирање за случајот со Синдикалната организација на МТ. Член 10 Поимот Корисник на услугите се однесува на АД Македонски телекомуникации- Скопје, а поимот Давател на услуги се однесува на Друштво за хигиено-технички услуги “ТЕХНО-ЧИСТ -ДОО-Скопје.
АД Македонски телекомуникации
Одбор на Директори,
Претседател
Д-р Борче Давитковски
Синдикална организација на МТ,
Претседател
Јордан Сандев

Корисни линкови