![]()
Работникот работи на работно место за кое склучил договор за вработување со работодавачот (чл. 11)
Работникот има право на додатоци на плата врз основа на посебните услови на работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време (чл. 59)
Јубилејните награди по правило се исплатуваат во месец мај во тековната календарска година, а правото по основ на стаж (чл. 75)
Годишниот одмор може да се користи во два дела. Вториот дел во непрекинато траење најдоцна до 30 јуни наредната година (чл. 28)
![]()
![]()
Забрането е вознемирување и полово вознемирување
Работниот однос може да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор…
Забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство…
„Работниот однос“ е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се…
![]()
Почитуван Господине Поповски
Со писмо број 25/2 од 25.02.2004 година, Ве потсетивме на обврската на Владата на Република Македонија за спроведување на Одлуката на Владата на Република Македонија за доделување на акции на вработените на Македонски телекомуникации-АД Скопје. Бидејќи до денеска не ни одговоривте на нашето писмо, а требаше да не известите за Вашите намери и активности по ова прашање, ќе Ве потсетиме уште еднаш на нашето барање со надеж дека за Вас вработените се битен партнер во МТ.
Во оваа прилика сакаме да Ви укажеме за написот во ,,Нова Македонија,, по ова прашање во кое се изнесени и ставови на извори од Вашето министерство. Имено во весникот ,,Нова Македонија,, број 20139 од 18.03.2004 година, е објавен напис во врска со нашето барање за спроведување на Одлуката на Владата на Република Македонија за доделување на акции на вработените на АД Македонски телекомуникации. Покрај останатото во написот се вели, цитираме: ,, Од Министерството за финансии пак, истакнуваат дека актуелната Влада нема донесено одлука за давање на два отсто од акциите на Телеком на вработените. Таква одлука, велат, има донесено поранешната Влада на Љубчо Георгиевски во последните 30-тина дена од мандатот. Но, не ја реализирала , ниту пак превзеле други дејствија што требало да се извршат. Оттука , оваа Влада не размислувала за тој проблем, ниту донела одлука да се отстапат тие два отсто на вработените,, . Исто така во весникот ,,Дневник,, од 06.04.2004 година, информација дадена од страна на Министерството за финансии, цитираме: ,,Одлуката се коси со Законот за спречување на корупцијата, според кој додека трае предизборната кампања се забранува, меѓу другото и, оттуѓување на државен имот-велат во Министерството за финансии,,. Цитираните ставови, кои не беа демантирани од Министерството за финансии, внесе дополнителен немир меѓу вработените односно нашите синдикални членови. Во врска со предметното прашање, и доколку цитираните ставови се засновани на став на одредени службеници од Вашето министерство, Синдикалната организација на АД Македонски телекомуникации сака да Ви укаже на следното: 1. Сметаме дека цитираните изјави во весниците Нова Македонија и Дневник не може да биде Ваш личен став имајќи ја предвид Вашата определба за правната држава. Имено, познато е дека во секоја правна држава Владата е институција која носи легитимни одлуки од своја надлежност. Во случајот Одлуката на Владата на Република Македонија за доделување на 2% акции од капиталот на МТ на вработените е донесена врз основа на Акционерскиот договор склучен помеѓу Република Македонија и стратешкиот партнер МАТАВ. Според тоа овде не се работи за политичката определеност на актуелниот носител на извршната власт. Според поимот за правна држава ирелевантно е прашањето за актуелниот носител на власта. Секоја нова влада во континуитет ги спроведува превземените обврски на Република Македонија, поготово кога се врз основа на меѓународен договор како што е овој случај. Оттука, имајќи ја во предвид надлежноста на Министерството за финансии, сметаме дека Вие како актуелен министер за финансии сте непосредно одговорен за спроведување на Одлуката на Владата на Република Македонија за доделување на 2% на акции на вработените на АД Македонски телекомуникации. Исто така, треба да обезбедите и механизам за враќање на дивидената на вработените за 2002 и 2003 година во висина од 2% која Владата ја има неосновано присвоена. 2. Доколку во најскоро време не превземете позитивни активности за решавање на предметното прашање ќе бидеме приморани да ја известиме релевантната домашна и меѓународна јавност, а согласно Законот да ги спроведеме сите активности за остварување на правата на вработените како акционери. 3. Во очекување на Ваша соработка за решавање на предметното прашање останете Со почит.Г-дин Таки Фити Претседател на Акционерско собрание на АД МТ
Министерство за труд и социјална политика
www.mtsp.gov.mk
Закон за работни односи
преземи PDF
Државен инспекторат за труд
dit.gov.mk
Службен весник на РМ
www.slvesnik.com.mk
Сојуз на синдикати на Македонија
www.ssm.org.mk