внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Одлука за одржување на мирен протест

10.11.2005Врз основа на член 15 од Статутарните правила на СО на МТ, Синдикалниот одбор на својата Вонредна седница одржана на ден 08.11.2005 година, ја донесе следната

О Д Л У К А

За одржување на мирен протест

Член 1

На ден 11.11.2005 година, во 12 часот ќе се одржи организиран мирен протест од страна на дел од вработените во АД МТ, пред Дирекцијата на АД Македонски телекомуникации.

 Член 2

Членовите на Синдикалниот одбор се задолжени за спроведување на потребните активности и мерки за контрола на одржување на мирниот протест согласно насоките за одржување на мирниот протест кои се составен дел на оваа Одлука.

Член 3

Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Одлуката е донесена како резултат на кумулираното незадоволство на вработените во Компанијата, кое се пренесува на Синдикалната организација на МТ како единствена можност за формално искажување на тоа незадоволство, предизвикано од големиот притисок кој се врши врз нив, за нивно изјаснување по основ на доставените понуди од страна на Компанијата за нивно заминување, како и непочитување на автономното право за слободно изјаснување и одлучување од нивна страна во рокот кој што им е даден од страна на Менаџментот. Истовремено во дадениот рок за изјаснување на вработените од службата за телеграф им се доставија Решенија за нивно упатување на принуден одмор за три месеци поради прекин на работниот процес, без оправдана причина и без законски основ.

Причината за овој чекор лежи и во неприфаќањето на Менаџментот процесот за економски, технолошки, структурни и слични промени во Компанијата да се води исклучиво по закон, а не и по одредбите од Колективниот договор на Компанијата, кој е на сила.

Корисни линкови