Нештата се цели ако содржат се
22.03.2007Став во врска со интервјуто на Главниот Директор за човечки ресурси и право објавен во Интерниот информатор на АД МТ (бр. 35/2007 година) во однос на прашањето под реден број 1 и 2 од истото.
Поаѓајќи од фактот дека "нештата се цели ако содржат се", принцип кој што неможе да биде применлив читајќи го интервјуто на Главниот Директор за човечки ресурси и право објавен во Интерниот информатор на АД МТ (бр,35/07) во делот на прашањата под реден број 1 и 2, од причина што од изнесениот став и фактичката состојба во однос на двете прашања работите не стојат така како што е изнесено.
Ова од причина што читајќи го текстот од претходно посочените прашања се создава состојба на перцепција дека "некој прави максимални напори за остварување на нештата ", а " некој тоа друг не сака да го овозможи" што претставува краен дострел на искривување и погрешно претставување на нештата.
Што се однесува до "легеслативниот аспект" , односно правниот основ кој што се зема како причина за неисплаќање на новогодишен и божиќен надоместок на вработените, во ситуација на сеуште несклучен колективен договор, тоа воопшто не претставува пречка " напорите кои што се вложуваат " во остварување, односно овозможување ова прашање да се затвори односно, тоа и да се направи, се разбира доколку се сака и навистина се настојува овие напори да резултираат со затварање на ова прашање.
Сметам дека Колективниот договор како акт на компанијата претставува сериозен акт во поглед на неговата комплексност и целовитост за материјата која што ја обработува, за да неговата основна функција и сериозност биде подведена на остварување на едно единствено право при тоа не водејки сметка за останатото содржано во него.
Во однос на прашањето кога треба да се очекува потпишувањето на Колективниот договор на МТ можам да кажам дека Синдикалната организација на АД МТ како страна во колективното преговарање на ниво на работодавач е спремна час поскоро да го затвори ова прашање, притоа водејќи сметка за задржување на нивото на права кои што вработените во МТ го имаа и досега, а во процесот на преговарање да се направат напори одредени позиции и да се подобрат, доколку се постигне заедничка согласност со работодавачот. Се друго би значело дека се сака да се дефинира колективен договор кој не води сметка за позицијата на другата страна во случајот интересот на вработените, а дали таквиот пристап е, или би бил прифатлив за вработените, сигурен сум дека одговорот е негативен.
Јордан Сандев
Главен Повереник
Синдикална организација АД МТ