внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Известување во врска со процесот на намалување на бројот на вработените врз доброволна основа

05.10.2007

До Вработените во АД МТ

Предмет: Известување во врска со процесот на намалување на бројот на вработени врз доброволна основа

Почитувани,

Во врска со спроведување на процесот на намалување на вработените во компанијата на доброволен основ, Синдикалната организација на АД МТ во функција на Ваше информирање сака да Ве запознае со следното:

1. Правниот аспект на самиот процес

Еден од начините на престанување на важноста на Договорот за вработување на работникот е по пат на спогодбено раскинување.(член 62 точка 4 од Законот за работни односи на РМ) 

 Раскинување на Договорот за вработување со спогодба согласно член 69 од Законот за работни односи на РМ гласи:

"(1) Договорот за вработување страните можат кога било да го раскинат со писмена спогодба која мора да содржи одредби за последиците, коишто настануваат за работникот поради договорното раскинување при остварувањето на правата врз основа на осигурување за случај на невработеност.

(2) Спогодбата од ставот (1) на овој член која не е склучена во писмена форма е ништовна."

 Во конкретниот случај тоа би значело дека:

- За да настане правен основ за престанок на работниот однос по овој основ, мора да се склучи писмена спогодба помеѓу работодавачот и работникот, што значи дека претходно двете страни ги прифатиле условите што се основ за нејзино склучување, во спротивно не може да се случи престанок на работниот однос на работникот.

- Во спогодбата мора да се содржани условите кои што се основ за нејзино склучување, одредба за отказниот рок, датумот на престанок на работниот однос, како и одредби за последиците, односно видот и обемот на правата кои ги има работникот како невработен врз основа на ваков вид на престанок на работниот однос.

- Работникот во случај на спогодбено раскинување на работниот однос го губи, односно не го остварува правото на месечен паричен надоместок, а го остварува правото на здравствено осигурување (право на плави картони) како невработен преку Агенцијата за вработување.

При престанокот на работниот однос работодавачот е должен, најдоцна во рок од три дена, да му ги врати на работникот сите негови документи и да му издаде потврда за видот на работата што работникот ја вршел.

Работодавачот не смее во потврдата да наведе ништо што би му го отежнало на работникот неговото вработување и склучување на нов договор за вработување. (член 63 од ЗРО)

Работникот има обврска во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос да се пријави во Агенцијата за вработување како невработен.

2. Програмата која ја спроведува менаџментот на компанијата, а која се темели на одредени принципи дефинирани во неа, при што главниот е принципот на ДОБРОВОЛНОСТ - доброволно прифаќање со донесување на самостојна одлука, значи дека, врз вработените не смеат да се вршат никакви форми на притисоци од страна на одговорните лица со цел да се на одреден начин влијае на индивидуалната одлука на секој вработен. Во однос на ова, доколку има било какво отстапување во примената на принципот на доброволност(појава на било какви форми на притисок), секој вработен слободно да направи укажување и пријавување на таквата состојба до синдикатот, со цел да можеме да реагираме во однос на евентуалната таква состојба.

3. Во однос на информациите од страна на медиумите во изминатиот период дека е постигнат договор со Синдикатите и Маџар Телеком за намалување на бројот на вработени, би сакал да укажам на фактот дека тоа се однесува за нив, односно за синдикатот на Маџар Телеком и компанијата Маџар Телеком, а никако не се однесува за Нас од едноставна причина што Ние немаме водено никакви разговори со нив за конкретното прашање.

 

Со почит.

Синдикална Организација АД МТ
Главен Повереник

Јордан Сандев

Корисни линкови