![]()
Работникот работи на работно место за кое склучил договор за вработување со работодавачот (чл. 11)
Работникот има право на додатоци на плата врз основа на посебните услови на работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време (чл. 59)
Јубилејните награди по правило се исплатуваат во месец мај во тековната календарска година, а правото по основ на стаж (чл. 75)
Годишниот одмор може да се користи во два дела. Вториот дел во непрекинато траење најдоцна до 30 јуни наредната година (чл. 28)
![]()
![]()
Забрането е вознемирување и полово вознемирување
Работниот однос може да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор…
Забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство…
„Работниот однос“ е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се…
![]()
До Вработените во АД МТ- Скопје
Предмет: Коментар во однос на понудените Договори за вработување на дел од вработените во АД МТ.
Почитувани,
Со оглед на фактот дека во компанијата е во тек постапка за понудување на склучување на Договори за вработување со вработените (дел од нив), би сакал во однос на самиот процес и содржината на понудените договори за вработување да дадам одреден коментар од причина што сметам дека истите не се на потребното ниво, каки о дека не постои никаква оправданост да ова прашање се заврши сега и на ваков начин што претставува крајно несериозен однос на Областа за човечки ресурси во однос на вработените во Компанијата.
Истовремено би сакал да нагласам дека истиот коментар и реакција од Наша страна беше доставен до Областа за човечки ресурси во месец мај/2007 година, а се однесуваше за тогашните понудени Договори за оние вработени кои имаа покачување на плата, а кои во основа се идентични во содржината и до денес немаме добиено никаков коментар или реакција во поглед на тоа, дали нашите укажувања се исправни или не. Затоа сметаме дека коментарите дадени тогаш и сега се издржани и имаат основ, и од тие причини овој допис е во функција на Ваше запознавање и информирање, нешто што Областа за човечки ресурси требаша да го направи, меѓутоа не го направија, а кои се причините просудете сами.
Имено:
1. Од понудените Договори за вработување не може да се констатира за каков вид на договор за вработување се работи, односно дали се работи за усогласување на постојните договори за работа, за измена и дополнување на постоен договор, дали се работи за променет договор, или се работи за нов променет договор за вработување.
Ова од причина што на предвидените работниците не им е доставено писмено известување во функција на нивно информирање и запознавање за причините, односно основот, поради кои им се нудат овие договори за вработување кое што известување би било нивен составен дел.
2. Oдредбите (преамбулата) на понудените Договори за вработување (член 105 и 106 од ЗРО) се однесуваат на "Видот на плаќање" и "Основна плата, работна успешност и додатоци", при што, во конкретниот случај не се врши покачување на плата на вработените па од таму останува нејасно зошто овој основ се користи како правна основа за понудување на овие договори на вработените, при што понудувачот не се задржува само на овој основ, туку се прави обид за комплетно усогласување во форма на нов договор за вработување.
Ова се истите Договори кои се понудија во мај/2007 година на дел од вработените на кои менаџментот изврши покачување на плата, а бидејќи во овој случај не се врши покачување "останува нејасно" зошто Областа за човечки ресурси ги користи како основ за нивно понудување и инсистирање за нивно склучување.
Ова од причина што при немање усогласен Колективен договор на ниво на работодавач, ниту потпишан нов, се поставува прашањето за правната валидност на самото усогласување повикувајќи се при тоа на член 269 став 4 од ЗРО во преамбулата на овие Договори, не водејќи сметка при тоа дека овој член се наоѓа во завршните одредби на ЗРО со кои се третира преодниот период и има сосема друга намена и цел.
3. Работодавачот во преамбулата (правна заснованост) на понудените договори се повикува на Правилникот за систематизација на работни места во МТ (пречистен текст) бр. 400325/1 од 26.11.2007 година,без при тоа да се води сметка дали конкретниот понуден Договор за вработување на конкретниот работник е резултат на одредена промена утврдена во самиот Правилник за систематизација, што би претставувала основ за самиот Договор. Ова од причина што со посочениот Правилник за систематизација се извршени делумни промени во одредени области кои што не ги опфаќаат сите вработени, а ваквата поставеност создава дојам дека се однесува за сите вработени и се користи како правен основ за самиот понуден Договор.
4. Што се однесува до одредбите на понудените Договори за вработување би сакал да истакнам одредени конкретни работи и тоа:
* Договорот за вработување претставува крајна инстанца во хиерархијата на правни документи (акти) во сверата на работните односи, што значи дека неговата формална карактеристика наложува во него да се содржани конкретни одредби, јасно дефинирани, недвосмислени, од причина што договорените страни во случајот работодавачот и работникот ги обврзува само она што е изразено и содржано во самиот Договор за вработување, кој мора де е во согласност со повисоките правни акти од оваа свера и тоа Уатавот на РМ, Закон и Колективен договор.
* Во понудениот договор за вработување никаде не се содржани наслови од кои може експлицитно да се види кој член кое прашање го обработува што е пракса во сите форми на ваков вид договори и што е во функција на целосна и правилна информираност на работникот пред да пристапи кон негово потпишување и создавање на обврска согласно неговите одредби.
* Член 1 од Договорот
- Одредбите од истиот воопшто не се во корелација со преамбулата на самиот договор што претставува правен основ за него, со истовремено посочување на правно-формалното усогласување на постојниот правен акт за вработување со постојните интерни акти на компанијата и ЗРО, без притоа да се експлицитно посочи за кој постојно склучен правен акт станува збор, врз основа на кој правен акт се врши усогласувањето и кои се тоа интерни акти на компанијата кои што согласно член 269 став 1 од ЗРО се усогласени во предвидениот рок од овој став за да се пристапи кон усогласување преку понудување на конкретните договори за вработување.
* Член 2 од Договорот
- Во ставот 3 не е водено сметка за негова усогласеност со член 28 став 3 од ЗРО, односно со оглед на фактот дека во истиот се прави повикување на актот на работодавецот (Правилникот за систематизација), поконкретно на описот на работното место кој е составен дел на конкретниот договор за вработување, во истиот став не постои одредба со која се потврдува дека актот на систематизација и самиот опис на работното место му се ставени на увид на работникот пред потпишување на самиот договор за вработување, односно, ако работникот веќе има писмено потврдување за описот на неговото работното место со што потврдува дека е запознат со работните обврски од неговото работно место тогаш потребно е да во понудениот договор за вработување биде експлицитно тоа потврдено преку вметнување на архивскиот број на овој документ од причина што истиот е составен дел на самиот договор за вработување.
Во овој став се прави обид да работните задачи на работникот од работното место бидат утврдени и во индивидуалните (таргет) целни листи на задачи при што не се води сметка дека во Актот на Систематизација такво нешто не постои што значи дека истата одредба е во директна спротивност со него.
- Во ставот 4 со кој работникот се задолжува да врши и други работи што ќе му ги наложи непосредно претпоставениот, оваа одредба е во директна спротивност со член 30 став 2 од ЗРО. При немање на Колективен договор оваа законска одредба е неприменлива, а ЗРО во однос на ова прашање никаде не дава право да истото се уреди во Договорот за вработување.
- Ставот 5 исто така е во спротивност со член 30 став 2 од ЗРО, односно ЗРО не го третира распоредувањето, меѓутоа за таа намена се користат одредбите од член 30 став 2 од ЗРО. Ова значи дека во случаите определени со Закон и Колективен договор може да се примени институтот распоредување, а никако на начин како е дадено во понудените Договори за вработување.
* Член 3 од Договорот
- Во овој член како што е даден не се содржани одредби од член 116, 123, 124 и 125 од ЗРО, поточно нема одредби од кои работникот може да види дали полното работно време од 40 часа неделно (став 1) се распоредува рамномерно во пет работни дена, односно рамномерно или нерамномерно во четири или шест работни дена во неделата, нема одредба за временото прераспоредување и условите кога тоа може да се направи, нема одредба за распоредот на дневното работното време (почетокот и крајот ) или повикување на акт на работодавачот со кој е утврден распоредот на дневното работно време.
- Во ставот 2 се прави комбинација на член 123 и 124 од ЗРО не водејќи сметка дека поимите распоредување и прераспределба на работно време третираат различни состојби и како такви треба и посебно да се преточат во одредби од Договорот за вработување.
- Во ставот 3 не е експлицитно посочен член 117 од ЗРО во кој се утврдени случаите кога може да се бара од работникот да работи прекувремена работа, како и, за каква тоа постапка станува збор и во кои интерни акти е одредено извршувањето на прекувремената работа, кога во член 117 од ЗРО не е дадена таква можност ( член 117 став 1 точка 5 ).
* Член 4 од Договорот
- Во алинеја еден не се работи за дневен одмор туку за право на пауза за време на дневното работно време. Нема одредба кога се користи правото на пауза (од –до ), или посочување на акт каде е тоа е одредено (одлука) со што би се направила примена на член 132 став 4 од ЗРО.
- Не е одреден денот на неделен одмор на работникот туку само времетраењето на неделниот одмор (24 часа ), односно не е соодветно применет член 134 став 2 и 3 од ЗРО.
- Никаде не е содржана одредбата на член 133 од ЗРО.
- Одредувањето на годишниот одмор на работникот како што е содржано во понудениот Договор за вработување е во спротивност со член 137 и 138 од ЗРО, а и недостасуваат одредби со кои би се направило поцелосна примена на овие членови од ЗРО.
- Правото на платен одмор содржано во понудениот договор е во директна спротивност со член 146 од ЗРО.
* Член 5 од Договорот
-Не е направена соодветна градација по прашањето на плата согласно став 1 од овој член како и член 28 став 8 и 106 став 3 од ЗРО, односно се дава кумулативен износ на основната плата и платата за работна успешност. Со ваквата поставеност работникот на знае коклу е неговата основна плата, а колку е делот за работна успешност, дали е испочитуван член 105 став 2 од ЗРО, или не.
- Исплатата на други додатоци на плата согласно закон без нивно посочување и квантифицирање не значи ништо за работникот освен што претставува декларативна одредба од причина што законот само ги дефинира како право, а не ја одредува и висината на тоа право.
-Надоместоците на трошоци поврзани со работата кои во предлогот се утврдуваат со интерните акти на работодавецот е во директна спротивност со член 113 од ЗРО.
Проблемот со одредбите на овој член се во немањето на Колективен договор на ниво на работодавач, а со ваквата негова поставеност се сака прашања кои што се предмет на колективен договор да се утврдат со еднострани акти на работодавачот, а при тоа не се ни посочуваат кои се тие интерни акти.
- Со ваквото поставување на ова прашање се создава состојба дека работникот треба да склучи Договор за вработување при што одредени права (додатоци на плаа, надоместоци на плата) се утврдени, а и ќе се утврдуват, со еднострана Одлука од страна на работодавачот, значи и можност да се евентуално менуваат по потреба, без при тоа работникот да има одредено влијание на тоа, како и можност да се запознае со тоа.
* Член 6 од Договорот
- Обврските (должностите) на работникот дадени во овој член треба да се во согласност со глава IV – Oбврски на работникот од ЗРО согласно член 30, 31, 32 став 1, 33, 34, 35 став 1, 36 став 1, и 37 став 1.
* Член 8 од Договорот – Овој член е доста конфузен во поставеноста на неговите одредби при што:
- Начините на престанување на важноста на договорот за вработување се утврдени само со ЗРО (член 62 од ЗРО), а никако со Договорот за вработување и интерните акти на работодавачот (став 1 од договорот). Овде погрешно се користи терминот услови за престанување на договорот за вработување наместо терминот начини.
- Нема јасно разграничување на термините раскинување на договорот за вработување и отказ на договорот за вработување, како и неконзистентност на овие одредби со законските одредби кои ја обработуваат оваа тема.
- Oтказот на договорот за вработување е еден од начините на престанување на важноста на договорот за вработување и одрдбите за тоа прашање треба да се јасни и прецизни, посебно кога се работи за отказ на договорот за вработување даден од страна на работодавачот.
- Во овој член се дадени дополнителни случаи на кршење на работниот ред и дисциплина при што не е водено сметка за одредбите од член 81 став 2 и 82 став 2 од ЗРО. Останува нејасно под кој од претходните членови подпаѓаат овие случаи од причина што истите предизвикуваат различна состојба и примена како во поглед на отказниот рок така и во примената на член 73 од ЗРО.
* Член 9 од Договорот
- Овој член е лоша копија на член 87 од ЗРО, односно во договорот за вработување мора експлицитно да биде содржано времетраењето на отказниот рок како што е дадено во член 88 став 1 од ЗРО. Ова од причина што договорот за вработување е крајна инстанца во работната (трудова) регулатива, се склучува со конкретен работник и тој мора да знае колкаво е времетраењето на отказниот рок.
* Во предложените договори за вработување никаде не е испочитувана законската обврска од член 28 став 11 што е од исклучително значење.
РЕЗИМЕ:
1. Никаде не е дефинирана причината, односно правниот основ за понудените договори за вработување на дел од вработените од каде може да се види за каков договор за вработување се работи. Работникот тоа мора да го знае, во спротивно може да биде доведен во заблуда и да потпише нешто што не знаел, а што може да предизвика тешки последици за него.
2. Во нормативниот дел на понудените договори за вработување постои голема неусогласеност со ЗРО, се превземаат дел од законски одредби, што создава состојба на нецелосност и недефинираност, има повикување на закон без притоа да се посочи или потенцира експлицитно членот од закон кој тоа го дефинира, има повикување на интерни акти на работодавачот за конкретни прашања без притоа да бидат точно посочени односно именувани кои се тоа акти.
3. Еден од најголемите проблеми е тоа што за прашања кои согласно ЗРО се во надлежност на Колективен договор истите се уредуваат со интерни акти на работодавачот, што создава состојба на дерогирање на колективниот договор што е спротивно на ЗРО и Уставот на РМ.
4. Лично мислам дека понудените договори за вработување концепциски не се добри, затоа што нема јасност и прецизност во посочување на прашањата кои ги обработуваат, при што работникот не може да има јасна претстава во поглед на правата и обврските кој што договорот му ги дава но истовремено и наметнува.
Со почит,
СО на МТ
Главен Повереник
Јордан Сандев
Министерство за труд и социјална политика
www.mtsp.gov.mk
Закон за работни односи
преземи PDF
Државен инспекторат за труд
dit.gov.mk
Службен весник на РМ
www.slvesnik.com.mk
Сојуз на синдикати на Македонија
www.ssm.org.mk