внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Продолжена важноста на колективниот договор (2012-2014)

15.03.2012 Почитувани колеги,

Ве известуваме дека Синдикалниот Одбор на Синдикалната организација на Македонски Телеком АД Скопје, одобри склучување на Спогодба за измени, дополнувања и продолжување на Колективниот Договор на Македонски Телеком АД – Скопје (МКТ).

Спогодбата беше потпишана од страна на Претседателот на Одборот на Директори на МКТ и Претседателот на Синдикалната организација на МКТ.

Со оваа Спогодба се направи усогласување на Колективниот договор на МКТ со измените во Законот за работни односи, заклучно со измените објавени во Сл. Весник на РМ Бр. 11/2012 и Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството во РМ и се продолжи важењето на Колективниот Договор на МКТ за период од 2 (две) години.

Овој Колективен Договор влегува во сила на ден 10 април 2012 година и ќе важи до 10 април 2014 година, освен измените кои се однесуваат на јубилејните награди утврдени во Член 72 став 3 алинеја 7 и Член 75 точка 2 кои ќе се применуваат од 2013 година. Јубилејните награди за 2012 година ќе се исплатат согласно одредбите од Колективниот Договор на Македонски Телеком АД – Скопје (Арх. Бр. 174519/1 од 22.04.2010 година).

Корисни линкови