внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Годишни колективни преговори за 2014 година

17.09.2014

Почитувани,

Во тек се преговорите за усогласување на интересите за 2014 година, согласно член 2 од Колективниот договор на МКТ.

Работодавачот/Македонски Телеком АД Скопје/ достави предлог за усогласување на платите во делот на продажбата, преку утврдување на нов систем и структура на бруто плати во овој организациски сегмент во Компанијата.

Потребата од преговори во однос на ова е содржана во фактот дека, во поглед на постојното ниво на основните бруто плати постои голема диспропорција во висината на основната бруто плата/различна основна бруто плата за исто работно место со исто ниво на сложеност/, состојба која создава голема нееднаквост помеѓу вработените.

Исто така кај овие вработени бруто платата/структурно составена од: основна бруто плата, работна успешност,додаток на плата за работен стаж, месечна компаниска стимулација и месечен бонус за извршена продажба/ е различна во однос на останатите вработени во компанијата, поради што се наметна потребата/по мислење на компанијата/ од утврдување на нов систем на бруто плати кој ќе се однесува само за овој организациски дел.

По завршување на преговорите, како и постигнатото ниво на усогласеност во однос на ова, двете страни треба до го потврдат со заедничка Спогодба, согласно член 2 од Колективниот договор на МКТ.

Корисни линкови