![]()
Работникот работи на работно место за кое склучил договор за вработување со работодавачот (чл. 11)
Работникот има право на додатоци на плата врз основа на посебните услови на работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време (чл. 59)
Јубилејните награди по правило се исплатуваат во месец мај во тековната календарска година, а правото по основ на стаж (чл. 75)
Годишниот одмор може да се користи во два дела. Вториот дел во непрекинато траење најдоцна до 30 јуни наредната година (чл. 28)
![]()
![]()
Забрането е вознемирување и полово вознемирување
Работниот однос може да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор…
Забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство…
„Работниот однос“ е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се…
![]()
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Живко Митревски и претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Анѓел Димитров одржаа заедничка прес конференција на која информираа за новиот предлог Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа.
Спасов на почетокот посочи дека безбедноста и здравјето на вработените се од суштинска важност за министерството за труд и социјална политика и социјалните партнери и дека постоечкиот систем за заштита на безбедноста и здравјето мора постојано да се подобрува и усовршува.
“Во остварување на оваа заедничка цел, со задоволство можам да константирам дека меѓу Министерството за труд и социјална политика и нашите социјални партнери има континуиран дијалог и усогласеност. Како резултат на тоа, на Економско-социјалниот совет беше поддржан новиот предлог Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа од страна на сите членки, за потоа измените на законот да бидат усвоени и од страна на Владата на Република Македонија”, рече Спасов.
Постоењето на позитивен социјален дијалог и прифаќањето на предлози од социјалните партнери е поткрепено со фактот дека во овој предлог на Закон во контекст на заштитата на работниците се зголемува улогата на синдикатите во два чувствителни сегменти и тоа: синдикатот ќе води поголема грижа во зголемување на работничките права, односно се зајакнува влијанието и позитивната контрола на синдикатот во заштитата и доследно почитување на работничките права.
Спасов се осврна на поважните мерки кои се дел од новиот предлог на Закон, а кои се предлог на Сојузот на синдикатите на Македонија и добија поддршка на Економско-социјалниот совет:
Претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат ќе ги имаат следните права:
Работодавачот мора на претставникот да му овозможи непречено вршење на неговата функција, преку обезбедување на соодветно време и потребни средства без намалување на платата, при што не смее да го стават во неповолна состојба поради неговите активности.
“Во рамки на овие измени на Законот, а на предлог на бизнис заедницата кој беше прифатен од Економско-социјалниот совет се дефинира постапката за заштита на студентите при практична работа, односно се создава систем за нивна безбедна пракса.
Со следниве предлог мерки, се дефинира заштитата на студенти за време на практична работа во рудници во рамки на образовната програма:
Министерство за труд и социјална политика
www.mtsp.gov.mk
Закон за работни односи
преземи PDF
Државен инспекторат за труд
dit.gov.mk
Службен весник на РМ
www.slvesnik.com.mk
Сојуз на синдикати на Македонија
www.ssm.org.mk