внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Годишни колективни преговори за 2014 година

04.11.2014
Почитувани ,

Синдикалната Организација на Македонски Телеком АД Скопје и Одборот на Директори на Македонски Телеком АД Скопје, како страни во колективното преговарање, согласно член 2 од Колективниот договор на МКТ, а во рамките на годишните колективни преговори за усогласување на интересите за 2014 година во делот на платите, усвоија заедничка Спогодба како и дополнување на Колективниот договор на МКТ со Прилог 1/А-“Систем и структура на бруто плати во Областа на Главниот Оперативен Директор за приватни корисници на МКТ за вработените вклучени во продажба кои се опфатени со системот за финансиска мотивација”.

Имплементацијата на Прилог 1/А на Колективниот договор на МКТ ќе се спроведе во две фази и тоа:

1. Од 01.11.2014 година, делот од Прилог 1/А кој се однесува на Системот на работни места, согласно новата организациска поставеност на овој сегмент, и
2. Од 01.01.2015 година, делот од Прилог 1/А кој се однесува на Структурата на бруто плати на вработените во овој сегмент.

-Спогодба за годишни колективни преговори за усогласување на интересите во делот на платите за 2014 година.

-Прилог 1/А - -“Систем и структура на бруто плати во Областа на Главниот Оперативен Директор за приватни корисници на МКТ за вработените вклучени во продажба кои се опфатени со системот за финансиска мотивација”.

Корисни линкови