внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Предлог за утврдување на нов систем за основна бруто плата Областа на ГОД за Деловни корисници на МКТ

05.06.2015

Почитувани колеги,

Синдикалната Организација на Македонски Телеком АД Скопје доби предлог од страна на АД Македонски Телеком за   утврдување на нов систем за основна бруто плата   на вработените во Областа на Главниот Оперативен Директор за   Деловни корисници   на МКТ кои што се на системот на месечно и квартално оценување на извршување на работата со право на финансиска бенефиција/бонус/.

Целта е да се изврши усогласување на основната бруто плата по работни места кои што се на исто ниво на сложеност и да се отстрани дисбалансот/диспропорцијата/ што е присутен во однос на постојното ниво на основната бруто плата на вработените во овој сегмент.

Предлогот за ова е во фаза на разгледување од наша страна и за резултатот во однос на истиот ќе доставиме дополнителна информација. 

Корисни линкови