внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Известување за доделената субвенција

01.10.2015

Почитувани колеги, како што сте запознати Синдикалната организација на Македонски Телеком   АД Скопје за своите членови одобри еднократна субвенција за училишен прибор и училишни материјали.

Во текот на месец септември до нашата синдикална организација беа поднесени 211 барања на наши членови за субвенција. Истите беа одобрени и исплатени.

На име на субвенција беа исплатени 475,500 денари на 211 членови на СОМКТ односно на 317 деца на нашите колеги. Во оваа бројка се вклучени и колеги кои се времено ангажирани преку агенцијата за времени вработувања.

Синдикалната организација на Македонски Телеком  АД Скопје и во текот на месец октомври ќе продолжи со исплата на субвенциите за колегите кои правото ќе го остварат во месец октомври.

Во понатамошниот период како Синдикална организација ќе им излегуваме во пресрет на нашите членови и на ранливите категории на вработени.

Со почит

Корисни линкови