внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Субвенција за училишен прибор

25.08.2016

Почитувани колеги,  

Синдикалната организација на Македонски Телеком      АД Скопје и оваа 2016 година на своите членови кои имаат деца ученици во основно и средно образование ќе им  одобри еднократна парична помош/субвенција/ за училишен прибор и училишни материјали .

Оваа година еднократната парична помош/субвенцијата/ ќе изнесува 1000 денари за дете. Ова од причина што заминувањето на поголема група колеги со процесот „Управувани услуги“ што се случи во јули 2016 година, имаше директно влијание на финансискиот прилив од членарината што претставува основен приход на Синдикалната Организацијапа на Македонски Телеком АД Скопје.

Затоа оваа година се одлучи да се изврши корекција во висината на оваа парична помош, со цел да не се доведат во прашање останатите форми на парична помош што нашите членови ги имаат на располагање како што се :

Ø              Неповратна помош од Фондот за неповратна помош ;

Ø              Повратна помош/ПОЗАЈМИЦА/ за сопствени потреби од Фондот за повратна помош.

Подетални информации за ова посетете ја нашата WEB страна www.somkt.mk

Со ова известување би сакале истовремено да ги информираме вработените во МКТ преку Агенција за времено вработување/ЛИЗИНГ/, кои се наши членови, дека ги уживаат истите права по основ на членување, освен правото на ПОЗАЈМИЦА кое, од оправдани причини досега не беше регулирано. Затоа сакаме во најкраток рок/септември-октомври/и ова прашање да го затвориме во интерес на овие вработени наши членови.


Постапката за добивање на субвенцијата може да ја најдете тука.

Барањето за аплицирање се наоѓа тука.

Корисни линкови