внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Известување за поволност за купување на рати

01.11.2017

Почитувани колеги,  Синдикалната организација на Македонски Телеком АД Скопје  на своите членови им овозможи поволност при купување на опрема во продавниците на   „МЕГА СПОРТ“.  

Секој член на нашата синдикална организација со приложување на потврда може да купи производи од асортиманот на „МЕГА СПОРТ“  на рати.  Потврдата може да ја подигнете во просториите на СОМКТ (  II  кат Т.Ц.).

Условите за купување на рати се следниве :

-До 6 (шест) месечни рати, за износ до 6.000 денари со тоа што ратата на купената стока не може да биде помала од 1.000 денари.

- До 8 (осум) месечни рати, за износ над 6.000 денари до 12.000 денари со тоа што ратата на купената стока не може да биде помала од 1.000 денари.

-За износ над 12.000 денари до 20.000 денари износот може да се подели на 10 последователни рати.

- За износ на 20.000 денари лицето кое што купува треба да достави потврда дека вкупните задршки од плата не му надминуваат една третина од неговата плата.

Колегите од другите градови пополнетата потврда треба да ја испратат на мејл biljana.petrovska@telekom.mk   и истата заверена од страна на СОМКТ ќе им биде препратена на нивната мејл адреса. Исто така колегите од другите градови треба да го пополнат и следниот  ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА НА РАТИ  и истиот да го приложат заедно со потврдата на продажното место.

„МЕГА СПОРТ“ има продавници во Градски Трговски Центар ГТЦ 2, Лумикс и Сити Мол во Скопје, Куманово, Гостивар, Гевгелија,Охрид, Прилеп, Струмица, Битола.

 

Потврдата може да ја најдете ОВДЕ.


Со почит СОМКТ

Корисни линкови