внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Известување

10.07.2018
Почитувани колеги,
сакаме да Ве известиме дека,  се извршени измени и дополнувања на Законот за работни односи/Сл. Весник на РМ бр. 120/2018/, кои што се влезени во сила и со кои се доуредуваат и се прецизираат одредени одредби во законот, со цел нивна полесна и појасна примена во пракса. Истовремено има и одредени подобрувања во поглед на одредени права на вработените на кои сакаме да укажеме и тоа:

1. Измената на член 128 став 3 точка 2 од ЗРО/член 21 од КД на МКТ/, кои се однесуваат на работниците кои работат ноќе во однос на правото на надоместок на трошоци за исхрана, кое право беше утврдено во висина на 6.5 мкд бруто по час ноќна работа, а сега согласно измените на ЗРО истото е утврдено во висина на 20% ОД ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ПО РАБОТНИК ИСПЛАТЕНА ВО РМ ВО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА, СРАЗМЕРНО ЗА ДЕНОВИТЕ КОГА РАБОТНИКОТ РАБОТИ НОЌЕ.

2. Во делот на определување на траењето на годишниот одмор/член 138/ со што се брише став 3, со што при користење на годишен одмор работниците се изедначуваат во поглед на утврдување на работни денови при користење на годишен одмор НЕЗАВИСНО ОД РАСПОРЕДОТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА РАБОТНИКОТ, односно за сите се пресметува 5 работни дена во неделата при користење на годишен одмор, независно дали неделното работно време му е распоредено во 5 или 6/со сабота/ работни дена. 

Комплетните измени и дополнувања на Законот за работни односи може да ги најдете ТУКА .


Со почит СОМКТ


Корисни линкови